2013

Related Post

Третото издание на Фестивалот во пролетта 2013 година се случи по едногодишна пауза поради која симболично беше именувано: The Return Of The Owl. Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје стана епицентар на креативната и критичка мисла инспирирана од теми за биоетиката, дистинкцијата сон/јаве, филозофијата за деца, и егзистенцијализмот и феминизмот – свечено предавање одржано од Раководителот на Институтот за филозофија проф. д-р Иван Џепароски по прикажувањето на филмот Les Amants du Flore за животот и делото на Симон де Бовоар и Жан-Пол Сартр.

Програмата на ФФФ The Return of the Owl:

  • Waking Life на Richard Linklater – „Иницијацијата на филозофот“
  • Проекција на документарен филм “Henry One Man’s Way – A Peter Singer Documentary” и биоетичка дискусија со помл. асис. м-р Марија Тодоровска
  • Избор на документарни филмови за современата филозофска дисциплина Филозофија за деца  и дискусија на тема „Дали треба да ги учиме децата филозофија?“ со м-р Мартин Поповски
  • Проекција на филмот Les Amants du Flore на Ilan Duran Cohen со предавање под наслов „Егзистенцијализам и феминизам“ на почесниот гостин – проф. д-р Иван Џепароски

  Дизајн на постер: Јасна Дишлиеска Митова